Македонија
13. December 2019 - 16:55

Илјадниците амандмани се уште се архивираат - Заев ќе размисли за одржливоста на коалицијата со ДУИ

СДСМ ќе размисли за одржливоста на коалицијата со ДУИ најавува премиерот Зоран Заев откако албанскиот партнер во владата поднесе околу 5.000 амандмани на измените на Изборниот законик со што го блокираше процесот за една изборна едница и отворени листи.

Во меѓувреме во парламентот се уште се архивираат и проверуваат над 6.000 амандмани што ги поднесоа ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Матичната комисија за политички систем ќе може да расправа по нив дури кон крајот на наредната недела, но и тогаш процесот ќе заглави поради превод на амандманите и долгата расправа.

Од пратеничката група на СДСМ и од инцијативата за една изборна единица на 16те пратеници бараат амандманите да бидат повлечени, а дебатата за изборните правила да продолжи. Велат дека имаат мнозинство од 65 народни избраници.

Од опозциската партија која поднесе околу 600 амандмани против предлогот за една изборна единица велат дека помалите партии се манипулирани од Заев.

- Гледаме дека всушност и внатре во коалицијата не се сите работи онакви какви што се претставуваат пред јавноста. Она што е најбитно во овој момент е дека измени на изборниот законик во насока на менување на изборниот модел на речиси неполни 2-3 недели пред бирање односно составување на техничка влада којашто треба да ги спроведе изборите, од друга страна на 3 односно 4 месеци неполни пред одржување на парламентарните избори да менувате изборен модел и притоа без консензус на најголемите политички субјекти уште еднаш само го покажува вистинското лице на Заев и СДСМ во однос на тоа како шарлатански и хазардерски ја водат оваа државата

Опозциската партија има поднесено и купишта амандмани и на законот за Акедемија на судии и јавни обвинители и на зкаонот за јавнообивнителска дејсност бидејки власта ги поднела без усогласеност со нив. Заев, пак вели дека ова е блокада на реформите во правосудството и највениот ветинг.