Илјадници вработени во унгарски болници од револт дадоа отказ
Неколку илјади вработени во унгарските болници поднесоа оставки, осудувајќи ги новите државни договори за вработување, но раководството вчера се обиде да ги убеди да ја сменат својата одлука, тврдејќи дека Унгарија се соочува со трет бран на епидемијата на коронавирус.
Според соопштението на Државната здравствена служба (ОФКО) до вчера, „95 проценти од 110.000 вработени потпишале“ нови договори пред истекот на рокот, 1 март, а останатите 5.500 не го сториле тоа, па се принудени да ги напуштат работните места.
Сепак, Золтан Јенеи, шеф на ОФКО, ја ублажи загриженоста, па пред новинарите изјави дека здравството, иако е под притисок поради пандемијата на Ковид-19, сепак може да работи на тој начин, дури и подобро отколку порано. Законот за дефинирање на новите услови за работа беше усвоен од Парламентот во октомври 2020 година.
Планирано е зголемување на платата, што премиерот Виктор Орбан го оцени како „без преседан“, а воведени се и санкции за мито што пациентите им ги даваат на лекарите, што е вообичаена практика во Унгарија.
Но, некои други одредби ги налутија вработените кои сметаат дека повеќе нема да добиваат бонуси или дека веќе нема да им биде дозволено да вршат друга работа во приватни клиники.
Во болницата во Будимпешта во еден од одделите, само 20 проценти од специјалистите го обновиле договорот, се наведува во писмото објавено на веб-страницата Телекс. – Не можеме повеќе да работиме, призна главниот лекар.
– Светлата се исклучени, велат вработените во одделот за интензивна нега во друга болница во главниот град.
Во изјавата, либералниот градоначалник Гергељи Карачоњи ја критикуваше владата за „загрозување на обезбедувањето здравствена заштита среде вирулентна епидемија“.
Унгарскиот здравствен систем страда од хронично недоволно финансирање, а според Светската здравствена организација (СЗО), буџетот на тој сектор по глава на жител е само половина од европскиот просек.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово