Loading Video...
Балкан
22. November 2020 - 16:28

Илјадници верници на погребот на српскиот патријарх Иринеј

Храмот Св. Сава преполн со верници кои дојдоа да му оддадат последна почит на српскиот патријарх Иринеј. Илјадници чекаа пред вратите на црквата за да се поклонат пред неговото тело пред и за време на литургијата. Цел државен врв присуствуваше на овој чин. Старешината на Соборниот храм и Митрополит Хризостом порачаа дека ќе биде запаметен како смирен, добродушен и чесен кого целиот народ го сметал за свој родител.

Претседателот на Србија се поклони пред упокоениот и во обраќањето порача дека во животот на патријархот Иринеј е заслужен за обновениот дух на единство кај српскиот народ.

На погребот на српскиот патријарх присуствуваа и од Владата, лидерот на Република Српска, претставници на верски заедници и голем број верници. По опелото и говорите, гардисти го пренесоа ковчегот во крипатата на храмот Свети Сава. Српскиот патријарх Иринеј последен пат ја водеше литургијата во Подгорица на погребот на митрополитот на Црна Гора Амфилохие кој почина од коронавирусот. По неколку дена заболе од Ковид 19 и почина во болнички услови на  90-годишна возраст. Тој беше 45 поглавар на СПЦ.