Македонија
20. April 2016 - 16:35

Илјадници граѓани низ Македонија бараат СДСМ и соросовите платеници да престанат да ја држат земјата во заложништво

Осумпати повеќе народ на протестите предводени од Граѓанското движење за одбрана на Македонија во однос на протестите организирани од СДСМ, СОСРОС и албанското движење БЕСА. Илјадниците граѓани собрани во Битола, Штип, Велес, Кочани, Скопје и останатите македонски градови испратија силна поддршка за одржување на изборите на 5 јуни. Тие упатија и порака до СДСМ и соросови платеници да не го држат народот и земјата во заложништво и да престане хулиганското уништување на спомен-обележјата кое се случува на демонстрациите во Скопје.

Се собравме да им покажеме дека не се плашиме, дека сме решени да направиме се за да ја сочуваме оваа наша Македонија, порача актерот Тони Михајловски на собирот во Велес.

Масовен собир синоќа имаше и во Кочани, а насобраните граѓани побараа да се стави крај на политичката криза. Единствен излез од неизвесната ситуација во која се наоѓа Македонија е избори на 5 јуни, порача Александар Пандов од ГДОМ.

Големи народни собири имаше и во Прилеп, Битола, Штип и Кочани. Најмасовниот собир досега, со над 100.000 граѓани, ГДОМ го најавува за утревечер во Скопје, пред Собранието на РМ.