Илиоски најави нов капитален проект за Битола
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Битола, Зоран Илиоски, денес најави капитален проект, на кој долго време се работи, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложи напори да дојде до фаза на реализација.
-Што значи овој проект? Веројатно нашите сограѓани се сеќаваат дека подолг период имаше поплаки од жители кои живеат во поранешната општина Бистрица за миризбата која се шири од 5-тиот канал и всушност со изградба на овие колекторски системи и водење на овие води во пречистителната станица миризбата која се чувствува особено во летните периоди, нема повеќе да постои. Проектот стартува со изградба другата година во месец јули, откако ќе завршат тендерските постапки за избор на изведувач. Парите се обезбедени од европски фондови и дел од Владата. Се надевам оваа Влада нема да најде причина за стопирање на проектот како што најде причина дека е крива трасата на автопатот, рече Илиоски.
Тој гарантира дека како иден градоначалник на Битола нема да дозволи овој проект да биде стопиран и дека проектот ќе го реализира во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи