Loading Video...
Спорт плус
24. October 2019 - 16:50

Илијоски останa без медал на СП во кикбокс

Македонската кикбокс репрезентација е дел од Светското првенство што се одржува во Сараево. На Мундијалот на кој учествуваат 754 натпреварувачи од 58 држави, а Македонија беше преставувана од вкупно шестмина кикбоксери.
 
Бобан Илиоски беше најблиску до борба за медал. Тој настапи во дисциплината К1 (-81.кгр) и стигна до четвртфиналето. Откако со 3-0 на поени го победи Нијат Хејдаров од Азербејџан, во четвртфрфиналната борба беше поразен од Србинот, Александар Менковиќ.
 
Борбите денеска ги заврши и Даниел Митров кој во истата дисциплината К-1 но до -57.кгр, загуби од Молдавецот, Максим Казаку.
 
Останатите четворица кикбоксер, Дарко Најдов Роберт Костовски, Емир Ибраим и поранешниот шампион Димитар Ѓоргиев, беа елиминирани уште по првиот натпреварувачки ден