Бизнис
18. February 2021 - 16:44

Или масовна вакцинација или продолжување на субвенциите за плати бара бизнисот

Или брза масовна вакцинација или продолжување на мерката за исплата на плати. Бизнис секторот смета дека ако вакцините не бидат наскоро достапни за сите, тие нема да бидат во состојба без државна помош да исплаќаат плата и да ги задржат работниците. Премиерот Заев промовирајќи го петтиот пакет мерки рече дека ова е последен пат Владата да дава директна финансиска помош. Овој пат таа ќе важи за февруари и март и со тоа ќе заврши.

Претставниците на комората на Северозападна Македонија на средба со лидерот на опозицијата денеска се пожалија дека досегашната владина помош не е доволна за бизнисот во време на најтешка криза. Мицкоски пак вели дека раздолжувањето на државата кон стопанството сега најмногу би помогнало на фирмите. 

Последниот пакет државна помош изнесува 160 милиони евра и е најмал досега. Минатата година според Владата, дизајнирани биле пакети мерки тешки над една милијарда евра, но од нив потрошени се само 350 милиони.