Loading Video...
Кошарка
7. May 2020 - 16:10

Играчите во НБА лигата се враќаат на терените

Во најсилната светска кошаркарска лига кошаркарите се враќаат на терените. 
 
Раководството на НБА лигата ги информира клубовите дека од утре ќе може да ги отворат салите и да почнат со тренинзи, но под услов градските власти да им го дозволат тоа. 
 
Секако дека на почетокот се предвидува тоа да се прави во помали групи на кошаркари, а НБА предвидува и рестриктивен број на тренерскиот персонал (најмногу шестмина) кои може да го следат и да работат на тренингот. 
 
Воедно за утре е закажана видео-конференциска средба на комесарот на лигата Адам Силвер, директорот на Унијата на играчи Мишел Робертс, на која сите кошаркари од лигата ќе може да учествуваат во истата со свои предлози, сугестии, но и прашања. 
 
Од раководството на НБА веруваат дека во текот на летото ќе може да се играат натпреварите во  најсилната светска кошаркарска лига.