Спорт плус
22. December 2015 - 12:53

Игор Стефановски – Иџе избран за спортист на град Скопје за 2015 г.

Европскиот шампион во автомобилизам на ридски патеки,  Игор Стефановски Иџе го доби признанието најдобар спортист на град Скопје за 2015 година. 
 
На денешната свеченост во Советот на град Скопје, беа доделени признанијата за најуспешните во спортот во главниот град.
 
Очекувано автомобилист Игор Стефановски – Иџе, беше главниот лауреат. 
 
За најдобар млад спортист е прогласен каратистот Петар Заборски, а  наградата за најдобар тренер заврши во рацете на Мирче Јанушевски од Карате клубот Металург.
 
За најуспешен спортист, меѓу лицата со посебни потреби е прогласен пливачот Марио Мицковски
 
За најуспешна спортска екипа беше прогласен женскиот ракометен колектив на Вардар, додека нивниот колега од машкиот состав Арпад Штербик го понесе признанието за најдобар странски спортист.