Македонија
17. May 2017 - 13:09

Игор Дурловски поднесе оставка

Оперскиот пејач Игор Дурловски поднесе оставка од местото директор на МОБ и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност. Својата оставка ја објави на социјалната мрежа фејсбук.

- Жалам што сите овие општествени превирања се случуваат во година кога одбележуваме два значајни јубилеи и со кои требаше да создадеме нова страница со врвни уметнички достигнувања. За жал, а можеби некому за среќа, ниту МОБ не беше поштеден од негативните ефекти од наметнатите општествени услови кои се одразија врз целокупната работна атмосфера, расположението на нашата публика, безбедносниот скептицизам на дел од нашите гости-уметници, и ред други помалку значајни нешта, објави тој на фејсбук. Потенцира дека ова не бил ниту политички став, ниту став за уметничката дејност на Македонската опера и балет.

Тој во обраќањето на фејсбук вели дека последен ден на работа во МОБ ќе му биде 25 мај, а на позицијата професор во ФМУ ќе остане до крајот на јунската испитна сесија