Свет
2. September 2019 - 15:24

Идентификуван убиецот од Тексас: Сет Ејтор (36) во Одеса уби бебе и уште шест лица, а рани 20

Масовниот убиец кој во саботата уби седум, а рани најмалку 20 во западен Тексас, едентификуван е како Сет Ејтор.

Пукањето започна во 15:17 часот по локално време во текот на сообраќајна контрола, каде е убиен полицаец при обид да запре автомобил поради погрешно свртување.

36-годишникот продолжил кон Одеса во Тексас и застрелал уште едно лице на автопатот. Во Одеса го напуштил автомобилот и грабнал камион на поштенските служби на САД и продолжил да пука во луѓе пред да биде убиен од страна на полицијата по краткотрајна размена на оган на паркингот од киното Синеџи.

Загинаа седум лица на возраст од 15 до 57 години, ранети се 19 лица, од кои 10 се критично. Меѓу повредените се и тројца полицајци. Најмладата жртва е 17-месечно бебе.

Полицијата соопшти дека мотивот е непознат. Властите рекоа дека Ејтор веќе имал кривична пријава, но не дадоа повеќе детали за тоа.