Живот
8. July 2016 - 11:11

Идентични близнаци го родиле во исто време своето прво дете

Сара Мариуз и Леа Роџерс, еднојајчени близнаци родиле на ист ден и во исто време иако термините им биле за четири дена разлика. Близначките на возраст од 35 години се породиле во четвртокот во 1,18 часот. Леа роди син Џозеф Рид во Денвер, а нејзината сестра ја роди ќерката Саманта Лин во Калифорнија.

Бебињата се родени во ист час, само во временска зона меѓу кои е еден час разлика. Близначките тврдат дека се работи за случајност и дека не ја планирале бременоста за да се породат во ист ден. И на двете ова им е прво дете. Дека се бремени двете дознале во исто време, а веста ја соопштиле на Денот на благодарноста.

- Скокавме од среќа. Сите беа во шок, велат сестрите.

Со години живееме во различни држави, но меѓу нас постои посебна врска, велат сестрите.