Фудбал
7. January 2016 - 11:17

Идеалниот состав на Аргентина на сите времиња

Аргентина е вистинска фудбалска велесила за која низ историјата играле врвни мајстори на оваа игра.
 
Марадона, Меси, Пасарела, Кемпес..., се само дел од великаните на светскиот фудбал кои го носеле дресот на Аргентина.
 
Аргентина е двоен светски првак (1978 и 1986), до првата титула ‘гаучосите’ ги предводеше Марио Кемпес, а до втората според многумина најдобриот играч на сите времиња, Диего Армандо Марадона.
 
Оваа седмица, Фудбалскиот сојуз на Аргентина (AFA) го објави идеалниот тим на сите времиња.
 
Идеалниот тим на AFA:
 
Фиљол – Хавиер Занети, Перфумо, Пасарела, Тарантини – Бриндиси, Редондо, Марадона – Меси, Кемпес, Батистута.