-->
-->
ИД на жените во Мосул им забрани да носат бурки во затворени простории
-->
Како своја нова мерка на претпазливост, Исламска држава во ирачкиот град Мосул на жените им забрани во зградите да носат бурки, јавија локалните медиуми.
Одлуката за забрана била донесена по неколкуте напади што врз лидери на ИД ги извеле жени облечени во ваква облека, која го покрива целото тело и лице на жената.
На други јавни места, меѓутоа, жените и натаму ќе мораат да бидат целосно покриени.
Жените кои досега не биле облечени според прописите, наметнати од ИД, биле казнувани, јавно камшикувани, па и убивани.
Властите на Исламска држава досега забрануваа пушење, играње, слушање музика, гледање „неподобни“ телевизии, како и користење интернет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила