Свет
22. April 2017 - 18:32

ИД ја префрли нејзината „престолнина“ од Рака во Деир ез Зор

Исламската држава ја префрли нејзината самопрогласената престолнина од сирискиот град Рака во Деир ез Зор, соопштија американските претставници.

Американски воени дронови набљудувале стотици „бирократи“ и „администратори“ на ИД, во претходните два месеци, како ја напуштаат Рака и заминуваат во градот Ел Мајадин, што се наоѓа јужно од Деир ез Зор, на реката Еуфрат. 

Деир ез Зор се наоѓа на 130 километри југоисточно од Рака.