Свет
16. јуни 2017 - 13:32

ОН: ИД држи над 100 илјади ирачки цивили како жив штит во градот Мосул

Обединетите нации соопштија дека над сто илјади ирачки цивили се држат како живи штитови од џихадистите на Исламска држава во стариот дел на северниот град Мосул, кој ирачките сили се обидуваат да го вратат. 

- Можно е во стариот град се уште да има над сто илјади цивили. Тие всушност се држени како човечки штитови, изјави претставник на Врховниот комесаријат на ОН за бегалци, Бруно Гедо на прес-конференција во Женева.