Фудбал
15. October 2019 - 19:43

Ицидентите на средбата со Англија резултираа со оставка на претседателот на БФС

Селекцијата на Англија славеше убедливо со 6-0 против Бугарија во Софија во квалификациски меч за ЕП кој мина во знакот на нацистички и расистички пораки на домашните фанови по што мечот беше во прекин во два наврати.

          По два гола за гостите постигнаа Баркли и Стерлинг додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Рашфорд и Кејн.

          Се очекува Бугарија да биде строго казнета од УЕФА за однесувањето на навивачите кои промовираа нацизам и расизам од трибините.

          Поради ваквото срамно навивање претседателот на БФС, Борислав Михајлов поднесе оставка на барање на премиерот на државата Бојко Борисов а првриот човек на УЕФА , Чеферин најави жестоки казни бидејќи не е прв инцидент на натпреварите во Бугарија.

Во истата група, Косово ја совлада Црна Гора со 2:0 со головите на Рахмани и Муричи во првиот дел за да ги заддржи шансите за пласман на Европското првенство.