Фудбал
24. December 2019 - 8:48

Ибрахимовиќ ќе стане играч на Милан

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе стане играч на Милан, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. Двете страни се во напредна фаза на преговори. Во блиска иднина, 38-годишниот Швеѓанец треба да го прифати предлогот на „росо-нерите“.

Претходно, техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот ги продолжува преговорите со Ибрахимовиќ за трансфер. Болоња и Наполи одбија да склучат договор со 38-годишниот напаѓач како слободен агент.

Последниот клуб на Ибрахимовиќ беше Лос Анџелес галакси. Швеѓанецот најави дека нема да го обнови договорот со американските клуб, кој истекува на 31 декември.

Ибрахимовиќ играше за Милан од 2010 до 2012 година и стана шампион на Италија.