Фудбал
23. August 2020 - 20:20

Ибрахимовиќ ќе го пропушти претсезонскиот камп на Милан

Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ нема да пристигне во претсезонскиот камп на Милан што треба да почне утре. Агентот на 38-годишниот Швеѓанец, Мино Рајола, рече дека страните сè уште не се согласиле за договор.

– Сè уште преговараме, но сè уште нема договор. Не станува збор за пари, туку за убедување и стил. За да се ожените, потребна ви е согласност и од двете лица, а доколку Ибрахимовиќ не сакаше да остане во Милано, тогаш немаше да има преговори, изјави Рајола за „Скај Спорт Италија“.

Сега сме во многу деликатна фаза на преговори, не сакам да кажам повеќе. Јас сум секогаш оптимист, додаде агентот на Ибрахимовиќ.