Ибрахим Ибрахими ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика
Од денеска согласно член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија од јули 2016 година, заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ја презема надлежноста, односно ја врши функцијата министер за труд и социјална политика, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Ибрахими е роден во Гостивар 1967 година и е дипломиран економист. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а во моментов е на постдипломски студии по сметоководство и ревизија, како и на постдипломски студии по политички науки на Универзитет на Југоисточна Европа воТетово.
- На 29 јули 2011 година избран е за заменик министер за труд и социјална политика, а од 2008 до 2011 ја извршува функцијата заменик министер во Министерството за правда. Во периодот од 2007-2008 работи како советник во Министерство за труд и социјална политика. Од 2004 до 2006 бил проект менаџер во Европски центар за малцински прашања, а во периодот од 2001 до 2004 програмски координатор на проект Ромаверзитас во Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија. Во периодот 2000-2001 година е шеф на сметководство во Фатина – Гостивар, се вели во соопштението.
Ибрахими е автор на брошурата „практичен водич за невладини организации за ДДВ", како и на извештајот на Советот на Европа "Вработувањето и социјалните бенефиции за Ромите во Македонија" (2002), на извештајот на Советот на Европа "Вработување, развојни политики и имплементација".
Говори англиски, турски, албански јазик, француски јазик (пасивно) и српски јазик.
Ново на Сител
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот