Ибра е најблизу до враќање во Милано
Златан Ибрахимовиќ наскоро може повторно да го носи дресот на Милан. Ова стана јасно по изјавата на комесарот на МЛС, Дон Гарбер. Според него, „росонерите“ се италијанскиот клуб, кој ќе се засили со 38-годишниот напаѓач од зима.
Договорот на Ибрахимовиќ со Л.А. Галакси истекува во декември, а Швеѓанецот веќе јасно стави до знаење дека сака повторно да игра во Италија, каде ги бранеше боите на Јувентус, Интер и Милан. Ветеранот е заинтересиран и за Болоња, а од „Ренато Дал Ара“ дури ги потврдија шпекулациите за разговори со Златан.
– Ибрахимовиќ е интересен човек и на, и надвор од теренот. На нашата лига и требаа играчи како него и Дејвид Бекам пред извесно време. Златан е смешен, ми се допаѓа како тој зборува за мене во трето лице. Иако има 38 години, тој е класа и знам дека има понуда од Милан – еден од најголемите клубови во светот, рече Гарбер.
Понудата на Болоња е за годишна плата од 8 милиони евра, но Ибра веројатно ќе го избере предизвикот да му помогне на Милан да се врати на своите славни денови.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево