Спорт плус
2. December 2021 - 12:29

ИААФ ги прогласи најдобрите

Олимписките шампиони, Елејн Томпсон-Хера од Јамајка и Карстен Вархолм од Норвешка, ги добија наградите за атлетичари на годината во изборото на ИААФ.
 
Томпсон-Хера, во Токио, ги одбраби златните медали во трките на 100 и 200 метри и освои злато со штафетата 4X100 метри. Таа сезонава ги има истрчано најдобрите резутати на 100 и 200 метри (10.54 и 21.53 секунди).
 

 
Вархолм, во Токио, победи во најдобрата трка ОИ. На 400 метри го урна светскиот рекорд (45.94 секунди) и го освои златниот медал.
 
Американката Атинг Му и нејзиниот сонародник Ерјон Најтон од ИААФ се прогласени за „Ѕвезди во подем“.
 
Му има 19 години, таа стана олимписка шампионка на 800 метри. 17-годишниот Најтон на ОИ во Токио го освои четвртото место на 200 метри.