И Вишиот управен суд потврди дека тужбата на Левица против АВМУ е неоснована

Вишиот управен суд, на седницата одржана на 6 ноември 2025 година, донесе Решение со кое жалбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е одбиена како неоснована.
Со ова се потврди претходно донесеното Решение на Управниот суд, со кое беше отфрлен предлогот на Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Ова Упатство, Агенцијата го донесе за да го појасни начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и за обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес.
Вишиот управен суд оцени дека претходно донесеното решение на Управниот суд е правилно и законито и дека со него не е повреден законот на штета на политичката партија Левица.
Со ова, како и со претходните решенија на Управниот суд и Основниот граѓански суд, уште еднаш се потврдува дека Агенцијата постапува согласно законските прописи и работи професионално.
Ново на Сител
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
-

Во Клиниката во Козле хоспитализирани 60 деца со респираторни инфекции
-

Јаневска: Проблемот со петките во Македонија е сериозен
