Македонија
18. April 2017 - 11:56

И Шарената револуција застана зад Тиранската платформа

Откако СДСМ и Зоран Заев во целост ја прифатија, поддршка за Тиранската платформа доаѓа и од лица учесници во таканаречената „Шарена револуција“ на СДСМ/Сорос која со месеци насилно протестираше низ скопските улици, притоа уништувајќи ја Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов и низа спомен обележја и објекти на државни институции.

Драмскиот автор Југослав Петровски, кој директно учествуваше во соросовата „Шарена револуција“ пишува дека ја поддржува Тиранската платформа, која спроед него, била одлична основа за разрешување на отворените дилеми.

-Значи јас Jugoslav Petrovski ја подржувам “тиртанската платформа“ – која, по мое мислење, е одлична основа за конечно разрешување на отворените дилеми при една здрава собраниска расправа и при таквата расправа што поскоро да се дојде до собраниски компромис и допринос – а за да до тоа дојде, прво треба да се избере: НОВАТА РЕФОРМСКА ВЛАДА!, пишува Петровски.

Jugoslav-Petrovski-1200x545_c