Македонија
6. May 2020 - 19:48

И Ромите го слават Ѓурѓовден како традиционален празник – како тоа изгледаше со мерки за забрана за групирање

Врнежливото време, стравот од корона вирусот, но и големиот број преминувања на Ромите во Прилеп во Ислам си го направија своето. Денеска во ромската населба Тризла како и да не беше денешниот празни Ѓурѓовден или како што тие го нарекуваат Едерлези. Денешниот ден според ромската традиција е празник на обновување на природата и заминување на зимата. Но ако лани сликата на местото каде празникот се одбележува со скара и пикник беше ваква, годинава само празни ливади со по некоја скара.

„Од дедо, прадедо е традиција, останало и ќе си ја тераме таа традиција до крај. Прославата споредено со порано и годиниве е многу послабо. Повеќе народ имаше, се дружевме, имаше музики, вртелешки, се си сешто, интересно беше“, рече Бајрам Сулејманоски, жител на населбата Тризла во Прилеп

Некои од Ромите кои живеат во странство специјално за овој ден се враќаа во Прилеп, но денес поради Ковид 19 се спречени во тоа. Според традицијата Ѓурѓовден или Едерлез се празнува неколку дена со музика, игра и приготвување на јадења особено од од јагнешко месо

„Денеска за Ѓурѓевдан е слабо поради врнежливото време и од страв малку од короната. На Ѓурѓевдан се слави вака со скари, јадењем пиење, таков е денот“, кажа Елвис Асаноски, жител на населбата Тризла во Прилеп

Голем дел пак признаваат дека не го славата празникот поради тоа што преминале во Ислам, и сега верата не им го дозволувала тоа. Но се присетија како славеле пред само неколку години.

„Порано беше пред да се направи џамијата, ние го славевме Ѓурѓевдан, и јас сум тој што го славев. Порано се колеа јагниња, вчера ни беше арифе“, истакна Елвис Асаноски, жител на населбата Тризла во Прилеп

„Повеќе сме тргнати по муслиманството. Идеја и од вашиве, се честевме, се славеше, се играше, се веселеше, беше убаво. Се печеше јагне на скара и баклава се правеше, татлија“, додаде Џивџит Ликманоски, жител на населбата Тризла во Прилеп.

Во недела пак според традицијата е испрраќањето на празникот кога и завршува славењето на Ѓурѓовден.