-->
-->
И новинар ја прежиевеа несреќата на Шапекоенсе
-->
Рафаел Хензел е еден од шестмината преживеани во трагичната авионска несреќа во Колумбија, во кој загинаа 18 играчи и тренерот на Шапикоенсе.
Хензел бил еден од 20-те новинари кои со клубот патувале во Меделин, каде Шапикоенсе требаше да го одигра првиот меч од финалето во Копа Судамерикана, против Атлетико Насионал.
Новинарот закрепнува од повредите, а решил да проговори за последните минути од кобниот лет.
„Атмосферата беше одлична, славеничка. Летот кон Меделин беше нормален сѐ до силната турболенција и алармот кој го вклучи стјуардесата. Најпрвин го продолжија летот за 10 минути и тогаш започнавме да се прашуваме дали е сѐ во ред. Потоа пилотот неколку пати зборуваше преку разгласот и секогаш велеше дека ќе слетаме за 10 минути“.
А потоа…
„Ненадејно се изгаснаа светлата, но нас никој не нѐ извести што се случува. Не знаевме дека останавме без гориво и дека ќе мораме принудно да слетаме. Кога се изгаснаа светлата во авионот завладеа „мртва тишина“. Моторите престанаа да работат и беше застрашувачки. Неколку моменти потоа авионот се урна“.
Хензел од преживеаните бил спасен претпоследен, тој се разбудил од шокот кога покрај него минувале спасувачите.
„Ме слушнаа како викам. Седиштето ми беше заглавено меѓу две дрвја. Седев во редот со двајца колеги, јас бев во средината, тие загинаа. Имав неверојатна среќа што преживеав“, рекол Хензел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025