И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките
Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. Регистрирани се и 150 оздравени пациенти, и од нив најголем дел – 105 од Скопје. Надлежните и здравствените работници постојано апелираат граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита, да носат покривка на устата и носот, да држат растојание и често да мијат раце. Тоа, велат е основна заштита од зголемено ширење на вирусот.
Наголем број од пациентите починале во болницата „8 Септември“ каде починале девет пациенти, од кои двајца на возраст од 54 години, а останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале три лица, на возраст 64, 73 и 80 години.
Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 и 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556.
Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести најави дека денеска на состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.
Комисијата за заразни болести, посочија оттаму, активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Македонија.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина