Loading Video...
Ракомет
30. October 2020 - 15:40

И мак-ракометот во мирување поради новите Ковид-19 протоколи

Примерот на Фудбалската го следат и од Ракометната федерација на Македонија, па така и мак-ракометот е ставен во „мирување“. 
 
Иако за денеска беа предвидени повеќе натпревари како во машка така и во женска конкуренција, сепак тие нема да одиграат.  
 
Имено и ракометната како и фудбалската федерација реши да ги прекине сите натпреварувања, машките Супер и Прва лига, како и Женската ракометна лига, а истите се ставени во мирување, поради новите општи протоколи за организација на спортски натпревари во услови на пандемија на Ковид-19 објавени во Службен весник. 
 
Од „куќата на ракометот“ информираат дека по усогласувањето на општиот Протокол со Протоколот на РФМ, ќе следува дополнително известување за евентуалното продолжување на првенствата во сите конкуренции. 
 
Потсетување дека РФМ, досега во целост ги покриваше тестирањата на екипите, и тоа по принципот еднаш седмично, период во кои екипите одигруваат по два натпревари. Сега со новите Општи протоколи ваквата пракса е невозможна бидејќи е предвидено тестирање пред секој натпревар, што сигурно, дополнително, пред се финансиски, ќе ја оптовари касата како на федерацијата, така и на клубовите.