Loading Video...
Свет
15. March 2021 - 16:42

И Холандија привремено ја запре употребата на антиковид вакцината на АстраЗенека

До 29 март во  Холандија  нема да се употребува антиковид вакцината на Астра Зенека. Одлуката е донесена по извешатите од Данска, Норвешка и Австрија за појави на зграпчување на крвата по примањето на вакцината. Мора да иргаме на сигурно. Па затоа е паметно сега да го притисниме копчето за пауза рече првиот човек на холандското здравство. Претходно пауза за вакцинацијата со Астра Зенека објавија 9 земји. СЗО и ЕМА  децидни -  вакцината на британското – Шведската компанија  е безбедна.

Русија соопшти дека постигнала договори за производство на „Спутник V“ со компании од Италија, Шпанија,  Германија и  Франција  и изрази очекување дека антиковид вакцината наскоро  ќе биде одобрена за употреба во Европската Унија. Москва не откри со кои европоски компании се постигнати договорите. Русија објави и дека е подготвена да почне со снабдување на земјите на ЕУ кои ќе ја одобрат Спутник Ве независно од ЕМА.

Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел претрпе големи загуби на две  клучни регионални гласања кои се сметаат за големи тестови пред општите избори во септмеври. Демохрстијаните ги  претрпеа најлошите резултати досега во Баден Виртемберг и Рајнска  област – Пфлац. Зелените го задржаа првото место во  Баден – Виртенберг а Социјал демократите во  Рајнаска област Пфалц, односно старите премиери добија нов мандат. Нејасно е што ќе значи овој исход за парламентарните избори наесен, особено поради тоа што канцеларката Ангела Меркел, која доаѓа од редовите на ЦДУ, нема повторно да се кандидира велат политичките аналитиачри. ЗАсега е непознато кого ЦДУ ке предложи за канцелар.

Песочна бура  утрово  ги  погоди  главниот град на Кина, Пекинг  и голем дел од северот на земјата. Облакодерите во центарот на Пекинг исчезнаа во облаците од прашина и песок, а повеќе од 400 летови беа откажани. Бурата  предизвика невиден скок во мерењата на аерозагадувањето при што нивоата на загадување во некои области  биле 160 пати поголеми од  препорачаната граница. Ова е најсилната песочна бура што ја погоди нашата земја  во послдените 10 години велат од кинеското биро за метеорологија.