И Гордон Ремзи погоден од пандемијата
Познатиот шкотски готвач Гордон Ремзи откри дека изгубил 57 милиони фунти (66 милиони евра), бидејќи, лани, поради корона-кризата бил принуден да затвори поголем дел од своите ресторани, објави „Дејли мејл“.
Готвачот кој поседува 35 ресторани (а, планирал да отвори уште пет годинава), вели дека бил уништен од финансиските последици од пандемијата, губејќи 11,5 милиони евра само од резервациите во јануари, поради третиот карантин. Тој бил принуден да побара помош од британската Влада за да спаси илјадници работни места во неговата империја од ресторани.
– Ме критикуваат дека сум бил богат, но одговорноста е на моите плеќи, вели тој.
Премиерот Борис Џонсон неодамна ги откри плановите на властите за повторно отворање на рестораните со новите мерки. По неколку недели ограничени само на услуги и достава до дома, од 12 април пабовите и рестораните ќе можат да примаат гости од најмногу две домаќинства.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите