Живот
11. November 2015 - 22:03

ХУМАНОСТ: Наместо да го приведе, полицаец му купи чевли на бездомник!

Еден сообраќаен полицаец од Њу Џерси добил задача да исфрли од автобус еден бездомник бидејќи немал чевли.
 
Тој сиромашниот и босоног сограѓанин го испратил од автобусот, а потоа му купил еден пар чевли.
 
Неговото добро дело го сними еден од патниците на автобусот.
 
-Мислам дека човекот е во тешка ситуација. Сакаше да се вози со автобус, но немаше пари за чевли и нема причина да го приведувам, изјави полицаецот Кен Џојнер.
 
Тој додаде дека повеќето полицајци би го направиле истото.
 
Погледнете го видеото.