Хуманитарна помош за настраданите во невремето
На отворениот телефонски број 143400 сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари за помош за жителите во подрачјата погодени од невремето.
Средства може да се донираат и на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, додека во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8:00 до 18:00 часот може да се предава помо во храна, вода, пелени, средства за хигиена и дезинфекција,...
Вчера и Сојузот на стопански комори ги повика компаниите да се вклучат во обезбедувањето помош за настраданите.
Поддршка пристигнува и од повеќето општини, како и од државите од соседството.
На социјалните мрежи од синоќа ресторани од Скопје нудат топли оброци за жителите од погодените подрачја, а приватни хотели сместување.
И Универзитетот ФОН се приклучи кон акцијата за бесплатно сместување и згрижување на лицата погодени од елементарната непогода.
Во завчерашното невреме најпогодени беа Сингелиќ, Стајковци, Црешово и Арачиново. Животот го загубија 21 лице, голем број се повредени, а неколку се водат за исчезнати. Причинета е и огромна материјална штета, дворовите и домовите на семејствата во најкритичните подрачја се полни со вода, немаат струја, храна и вода, поради што надлежните институции во соработка со војската и полицијата се постајано на терен за санирање на состојбата.
Од поројните дождови, прекинат е и делот на скопската обиколница пред клучката Стајковци - Црешово наместо по асфалт, на дел од патот се вози по наноси земја. Прекинот ќе трае до целосно расчистување.
На „Фејсбук“ формирана група за помош на поплавените семејства во Скопје
На социјалната мрежа „Фејсбук“ е формирана група „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“ на која може да се добијат информации за потребната помош од волонтери, помош во вид на донации, информации за нови собирни места за помош, за расположливите човечки ресурси за директна помош, како и информации за состојбата на терен.
Иницијаторите на фејсбук групата апелираат сите граѓани, кои се активни на оваа социјална мрежа и сакаат да помогнат, да се зачленат во групата.
- Администраторите и модераторите на групата се организирани со континуирани дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за итно интервенирање и повикување надлежни институции, теренски активизам итн. Се работи во смени, поради потребата и од теренска активност во којашто активно учествуваат и администраторите и модераторите на групата. Во групата има достапен упатен администратор или модератор, 24 часа, се наведува во соопштението.
До фејсбук групата може да се пристапи на линкот https://www.facebook.com/groups/530772140451538/.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја