Хуманитарна акција во Битола – продажба на уникатни осмомартовски честитки
Штитениците од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух , говор, глас и други промени во развојот „Кочо Рацин“-Битола во соработка со Лео „Алфа“ и Лајонс клубот „Хераклеа“, викендов организираа хуманитарна акција - продажба на рачно изработени осмомартовски честитки.
Децата од Заводот изработија 100 уникатни празнични честитки, а продажбата на Широк Сокак ја вршеа членовите на лео и лајонс клубот, соопшти Тања Костовска, претседател на Лајонс клубот„Хераклеа“-Битола.
- Се продадоа сите честитки, а собраните средства ќе им бидат доделени на штитениците од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух , говор, глас и други промени во развојот „Кочо Рацин“-Битола. Според желбата на децата од заводот, средствата ќе бидат искористени за креативни програмски активности, посета на туристички или други забавни институции и објекти надвор од установата во која секојдневно престојуваат, истакна Костовска.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз