Македонија
7. January 2017 - 8:35

Хуманитарен концерт „Божик-слава“

Хорот „Св. Злата Мегленска“ вечер во градската православна црква „Пресвета Богородица“ во Скопје ќе го одржи традиционалниот хуманитарен концерт „Божик-слава“.

Покровител на концертот е сопругата на претседателот Иванов, Маја Иванова, а собраните средства ќе им бидат доделени на лицата  од ранливите категории и на децата со посебни потреби.

Влезот на концертот е слободен, а донациите може да се оставаат во специјалните кутии на влезот на црквата.