Свет
21. May 2019 - 10:24

Хуавеј: САД ја потценуваат нашата сила

Основачот и извршен директор на Хуавеј, Рен Женгфеи изјави дека САД ја „потценуваат” неговата компанија.

– Американскиот политички персонал според сегашните процедури покажува дека ја потценува нашата сила, рече Рен во интервју за ЦЦТВ и други кинески медиуми.

Тој посочи дека компанијата има алтернатива за набавка на чипови и оти во таа смисла не може да биде „изолирана” од остатокот од светот.

Рен додаде дека 5G програмата на компанијата ќе остане „непроменета” и покрај американските мерки.

Во однос на 5G технологијата, тој нагласи дека други компании ќе го стигнат Хуавеј за две или три години.