Хрватскиот премиер ги повика двајцата вицепремиери да поднесат оставка
Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ ги повика неговите заменици Томислав Карамарко и Божо Петров, кои беа вмешани во политички спор, да поднесат оставка со цел хрватската Влада да може да продолжи напред со клучните економски реформи, пренесува БТА.
Наводниот судир на интереси во кој учествува Томислав Карамарко, лидерот на најголемата партија во владејачката коалиција - Хрватската демократска заедница, ја доведе речиси до пропаѓање четиримесечната Влада.
Божо Петров, лидерот на Мост, малата реформистичка партија во коалицијата, настојува Карамарко да даде оставка.
- Односите меѓу Карамарко и Петров станаа преголем товар за Владата. Ете затоа ги повикувам да се повлечат, со што Владата ќе може да продолжи да работи на реформите, за кои веќе постигнавме резултати, истакна Орешкович.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар