Loading Video...
Балкан
25. September 2021 - 16:31

Хрватска: Татко си ги убил трите малолетни деца, па пробал да се отруе

Австриецот Харалд Копиц синоќа во Загреб ги убил своите три деца, близнаци на возраст од седум години и помалиот син кој имал 4 години, а потоа се обидел да се самоубие земајќи отров и апчиња.

Мајката во моментот на злочинот била на работа во хотел во Дубровник, а бидејќи биле разведени, децата викендите ги минувале кај таткото. 56-годишниот Копиц живеел и работел во Хрватска како консултант.

Ноќта пред да ги задуши своите деца на Фејсбук напишал дека девојката го оставила бидејќи неговата поранешна сопруга била лоша со неа, дека останал без пари, а неговите пријатели масони не сакале да му помогнат.

Полицијата врши истрага за случајот, а убиецот е згрижен на интензиивна нега и е во стабилна состојба.