Македонија
5. February 2019 - 16:35

Хрватска со силна поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија

Потпишувањето на Протоколот за НАТО во Брисел е историски успех на Македонија, со кој ќе и се овозможи евроатланска интеграција на земјата, истакна хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ, кој се наоѓа во посета на нашата земја. Посочи дека му е чест што неговата земја изминатите две години била главен контакт на Македонија со НАТО, и очекува идната недела, заедно со неговата македонска колешка Шеќеринска да седнат на иста маса на министерскиот состанок во Брисел. 

Тој верува дека Македонија во јуни годинава ќе ги отвори пристапните преговори за членство во ЕУ, а Хрватска која ќе претседава со Унијата во првата половина од 2020 година ќе и даде силна поддршка на нашата земја.

Шекеринска очекува поддршката од Хрватска да биде израземна и преку брза ратификација на Протоколот во нивниот парламент.

Таа најави дека со овогодинешниот буџет на МО, кој изнесува околу 130 милиони евра, ќе биде извршена модернизација на АРМ преку набавка на оклопни возила, АБХ заштита и заштита на војниците.