Loading Video...
Тенис
30. November 2021 - 12:43

Хрватска прв четвртфиналист во Дејвис Купот

 
 
Тениската селекцијата на Хрватска е првата која обезбеди пласман во четвртфиналето на Дејвис Купот. 
 
Во првиот осминафинален меч одигран во Торино, Хрватите славеа победа над домашната селекција на Италија со 2-1. 
 
Борна Гојо го доби првиот меч против Сонего со 2-1, а возврати Синер кој со 2-1 беше подобар од Чилиќ. 
 
Победникот беше решен во мечот во двојки кој Хрватите го добија со 2-0 по сетови 6-3 и 6-4 со што се пласираа во четвртфиналето во кое за противник ќе го имаат победникот од дуелот меѓу Србија и Казахстан што ќе се игра во среда во Мадрид. 
 
Денеска во Инсбрук играат селекциите на Велика Британија и Германија. Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Русија и Шведска закажан за во чеврток во Мадрид, каде впрочем ќе се одигра и замата завршница на гдинашното издание на Дејвисовиот куп, односно полуфиналните и финалните дуели.