Хрватска постави нови услови за членство на Србија во ЕУ
При крајот на холандското претседавање со Европската Унија, Хрватска го дополни списокот услови за членството на Србија, што беше главна причина поради која во понеделникот не беа отворени поглавјата 23 и 24 од преговорите за членство на Белград во ЕУ, јави српскиот весник „Вечерње новости".
Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ во Брисел изјави дека позицијата на Хрватска во однос на член 23 од преговорите не е променета и тоа што го бара Загреб, не се разликува од некои слични барања на другите земји членки.
Досегашните веќе познати услови се: целосна соработка со Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, промена на законот кој на Србија и дава легитимитет за судски прогон за воени злосторства на територијата на цела поранешна Југославија и гарантирање на правата на хрватското малцинство во Србија.
Освен овие три услови, Хрватска побара и решавање на прашањата за жртвите и исчезнатите лица во војните од поновата историја и достапност до тајните архиви.
Другите земји членки на ЕУ не се согласија со сето ова и средбата на работната група за проширување заврши неуспешно, изјавил неименуван извор за весникот.
Холандското претседателство имаше намера до крајот на својот мандат, кој истекува на 30 јуни, да ги отвори поглавјата 23 и 24 од преговорите со Србија, но земјите членки не постигнаа согласност поради новите барања на Хрватска, но и поради излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите