Балкан
9. May 2016 - 14:12

Хрватска: Нема генетски модифицирани производи на пазарот

На хрватскиот пазар нема генетски модифицирана храна за употреба во човековата исхрана, соопшти Министерството за земјделство на Хрватска. 

Од хрватското Министерство истакнуваат дека храната која содржи ГМО или состојки кои во својот состав имаат ГМО мора да биде јасно означена, како што е тоа задолжително и во другите земји на ЕУ.

Во Хрватска е забранет увозот на генетски модифицирани земјоделски суровини, како и нивно производство, се наведува во соопштението. 

Хрватското Министерство за земјоделство ги повика граѓаните да го пријават секој сомнителен производ или заседена површина.