-->
-->
Хрватите се во одлична форма пред стартот на Еуробаскт
-->
До почетокот на Европското кошаркарско првенство остануваат уште 16 дена, а овој период поголемиот дел од земјите учеснички го користат за одигрување на контролни натпревари. Една од нив е и репрезентацијата на Хрватска која покажува дека е во одлична форма.
Популарните „коцкеси“ триумфираа на тирнирот кој се одржа во Опатија. Откако прво ја победија Словенија (95-91), кошаркарите на Хрватска славеа победа и над Украина со 79-74.
За тимот предводен од селекторот Александар Петровиќ , ова беше седма победа во осумте одиграни натпревари во подготовките. Хрватите претходно на гостиски терен и победија Франција и Литванија со што најавија дека повторно ќе бидат едни од конкурентите за највисок пласман на Евробаскетот кој стартува на 31 август.
Хрватска во групната фаза ќе игра во Клуж Напока против ко-домаќинот Романија, Црна Гора, Шпанија, Чешка и Унгарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите