Loading Video...
Свет
5. April 2020 - 14:30

Хрватите место храна, по интернет купуваат бела техника, американците пак масовно купуваат оружје

Од брашно и тоалетна хартија до телевизори-освен големите редици пред маркетите  за храна поради коронавирусот, Хрватите ги окупираа и продавнциите  за бела техника. Зголемена е продажбата на телевизори, но и компијутерска опрема за работа од дома.

Масовно почнаа да се продаваат и бричеви и машинки  за потстрижување. А пораст на продажба има и кај градежните материјали.

Во САД каде има над 300 000 заразени,а починаа над 8 000, масовно наместо храна се купува оружје. Причината поради долгите редици пред овие продавнции е поради можни немири како последица од пандемијата.

Според последните информации на СЗО заразени се над  еден милион и двеста илјади лица во светот. . Од нив починати  65.605, а оздравеле 253.626 луѓе. Во Шпанија регистиранис е нови 4591 случаи, а починале 471. Според епидемиолозите во Велика британија пикот се очеклува да биде за 10 дена. Најпогодена остануваат САД.