Loading Video...
Балкан
21. July 2021 - 17:32

Христо Иванов: Парламентот мора да најде начин за деблокада на Р.С.М

Мора да најдеме решение  за проблемот со Скопје  во овој Парламент порача лидерот на демократска бугарија во обраќањето на конституирањето на 46 народно Собрание на Бугарија. Вистината ,според Христо Иванов треба да се одбрани, но исто така така и треба да се најде начин за деблокада на ЕУ интеграцијата на Република Северна Македонија.

- Вистината треба да се одбрани, но исто така и треба да се најде начин заедно да станеме членови на европското семејство, бидејќи тоа е бугарскиот национален стратешки интерес, рече Иванов.

Христо Иванов беше единствениот од политичките лидери  кој во својот говор пред новоизбраните пратеници посвети внимание на темата билатерални односи помеѓу Скопје и Софија. Пред изборите,лидерот на Демократска Бугарија ги изнесе своите ставови во однос на спорот со Македонија и изјави дека историјата не може да се става под килим. Тогаш порача дека македонските власти треба да го убедат бугарското општество дека можат да ги исполнат обврските за добрососедски односи но и дека бугарија не смее да си дозволи да ја остави Северна Македонија надвор од ЕУ. 

Лидерот на Демократска  Бугарија истакна и дека државата е во политичка криза бидејки речиси една година нема полноправно раководство. Немаме јасна формула како да ја формираме следната влада рече Иванов. Победничката партија Има таков народ пак на коснтитувината седница на бугарскиот парламент изрази надеж дека ќе успеа да го формира владиниот кабинет за 14 дена.Денеска со поддршка на Демократска  Бугарија, Движењето  за права и слободи“ и Исправи се, Мафијата надворбеше избран претседател на Парламентот од редовите на Има таков народ  со 134 гласа, или 13 повеќе од потребните за избор на Влада.