Хованец: Бараме Турција да ги исполни сите 12 услови со ЕУ
Според чешкиот министер за внатрешни работи, Европската комисија „притиска" врз Чешка да прими повеќе бегалци од Грција и Италија, но тој ја одбива критиката од Унијата, јави дописникот на МИА од Прага.
- Јас на состанокот во Брисел со моите колеги од ЕУ објаснив дека ние од тие луѓе кои треба да ги примиме во Чешка бараме вообичаени информации, кои се битни да се исполнат безбедносните стандарди, објасни Хованец.
Тој исто така се огради и од критиките дека земјата примила само четворица Сиријци, иако се обврза до крајот на годината да прими 2.691 мигрант, искористувајќи ја можноста да ги враќа бегалците од Анкара.
- Се надевам дека Унијата нема да одлучи да го изгуби својот лик. Чешка ќе настојува условите да мора да се исполнат без исклучок. Турција мора да исполни 12 услови кои за нас се примарни. Се плашам дека јунскиот термин нема да биде додржан, рече Хованец во врска со можноста Турција доа добие безвизен режим со европските земји.
Тој додаде дека главен проблем кој го загрозува исполнувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција е тоа што „грчките судови им одат во пресрет на луѓето кои се жалат дека треба да бидат вратени во Турција и ја означуваат земјата како небезбедна".
- Според мене условите Турција не може никогаш да ги исполни. Затоа мислам дека тоа е само една таква игра и секако сум против, Турција да има безвизен режим со Европа, изјави потпретседателот на чешката Влада и министер за финансии Андреј Бабиш.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната