Свет
16. September 2015 - 17:52

Хорор: Воз удри во училишен автобус во северна Германија

Регионален воз што сообраќал на линијата од Куксхавен до Хамбург во северна Германија, предпладнево удри во училишен воз во близина на градот Бухтенхуде.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, инцидентот се случил откако возачот на автобусот во кој имало десетина ученици морал поради технички проблеми да застане на железнички премин на раскрсницата Нојклостер. 
 
Возачот на автобусот кој застанал токму на крстосницата не можел да го помести возилото, по што сите деца биле евакуирани на неколку минути пред сударот.
 
Во инцидентот е повреден еден патник од возот, кој е пренесен на лекување во блиската болница.