Живот
15. December 2015 - 16:48

Хорор во Трговски: Педофил се маскирал како Дедо Мраз и допирал деца

Полицијата на 10 декември спроведе рација и претресе неколку станови и куќи во четири полски војводства. Откриени се многу порнографски содржини со деца и уапсени се седум мажи на возраст од 20 до 46 години.
 
Полската полиција уапси седум педофили, меѓу кој имало и Пољак кој се маскирал како Дедо Мраз и трагал по жртви во трговските центри пред Божиќ.
 
При претресот на полицијата во куќите на осомничените се запленети компјутери, екстерни дискови и ЦД со детска порнографија.
 
Таа мрежа на осомничени за поседување и снимање на детска порнографија разменувала содржини со посредство на интернет,  а според наводите на истрагата, неколу десетици деца, момчиња и девојчиња помлади од 14 години се сексуално злоупотребувани за снимање на порно филмови.
 
Еден од уапсените бил задолжен во костум на Дедо Мраз да бара нови жртви, а останатите на различни места настојувале да се запознаат со непознати деца и да ги намамат на секс или снимање на порно филмови.
 
Уапсените се обвинети за сексуална злоупотреба на деца. Им се заканува затвор од 12 години, а судењето ќе го чекаат во истражниот затвор.