Македонија
28. February 2016 - 14:19

Хорор во Тетово: 12-годишно дете избоде девојче (13)

Вчера околу 19,40 часот во Клиничката болница-Тетово, било донесено повредено девојче на возраст од 13 години од с.Милетино-тетовско, со убодна рана од остар предмет во пределот на стомакот, по што и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Ургентниот Центар-Скопје.

Извршен бил разговор со девојчето и констатирано е дека истата била нападната од четири малолетници, меѓу кои и еден 12-годишен малолетник од с.Желино-тетовско. 

Во ПС-Тетово извршен е разговор со малолетното лице во присуство на родител и истиот кажал дека најпрвин девојчето го удрила со клоца во пределот на нозете, а потоа тој со ножот ја прободел и избегал од местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.