Македонија
27. July 2018 - 15:25

Хорор во Струмица: Додека спиела со децата во собата сопругот се обидел да ја силува

Струмичанка доживеала хорор за време на спиење, полицијата работи на расветлување на случајот. Според информациите на МВР,  вчера  во 02,30 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица, Д.С.(20) пријавила дека истата вечер околу 1 часот додека спиела во својот дом со нејзините деца, лицето В.С.(32) почнало да тропа на влезната врата, по што насилно ја отворил и се обидел да изврши обљуба врз неа. В.С. е приведен и задржан во полициската станица.

 Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.