Балкан
29. March 2017 - 17:36

Хорор во основно училиште: Ученици на девојче истуриле отров во шише вода

Дијана Пантелиќ, ученичка во основното училиште во Завлак кај Крупња во Србија, за малку ќе била отруена во училитеото.

- Нашата ќерка Дијана, ученичка од осмо одделеник во основното училиште во Завлак кај Крупањ, за  среќа не е отруена во училиштето. Четири ученици од нејзино одделение отишле на 3.март во земјоделска аптека и купиле "валенизол", препарат за протерување на паразити од крупна стока, кој го сипале во шишето вода на Дијана. За среќа Дијана веднаш по првата голтка сфатила дека нешто не е во ред и ја исплукала водата - кажале за новинарите Сандра и Милан Пантелиќ од Долна Брезовица.

Препаратот кој соучениците на Дијана го сипале во флашата вода од половина литар, во таа количина се раствара со 50 литри вода и се дава на крупна стока од 1.000 килограми, објасниле родителите.

- Еден од учениците рекол на Дијана да се напие малку вода, но таа приметила дека течноста има чуден вкус, и за среќа не го испила остатокот - велат огорчените родители.

Таа го земала шишето, го однела кај наставничката и пријавила што се случило. Кога наставничката ги повикала учениците, тие одговориле дека во шишето на Дијана истуриле креда, така и завршило.

Дури по неколку дена, жена која работи како чистачка во училиштето ја пронашла кесичката "венизол", што и било сомнително па ја однела на наставниците.

- Директорот на училиштетот тогаш реагирал, бидејќи му било сомнително - велат родителите.

- Ги повикал на разговор учениците кои го купиле отровот а тие по половина час признале што направиле, а потоа и ги потпишале изјавите. Ние за тоа дознавме дури после 6 дена кога не повикаа во училиштето. Бевме шокирани и уплашени бидејќи нашето дете можело да биде отруено.

Веднаш како што велат, случајот го пријавиле во полицијата во Завлак. Директорот на училиштето, како што тврдат ги уверувал дека ќе направи се за учениците да бидат казнети и префрлени во друго училиште. И родителите и девојчето во меѓувреме дале изјави во полицијата.

- За тоа време учениците продолжувале да се однесуваат лошо во училиштето, веќе во наредните денови еден од нив украл фудбал од училиштето, а другите тројца избегале од неколку часови. Никој од нив не е запишан бидејќи се појавиле на последниот час.

Во училиштето се одржал Совет на наставници, на кој е изгласано на учениците да им се намалат само оцените за однесувањето.

- Од училиштето ни рекоа дека ништо друго не можат да превземат, истите тие деца и понатаму се во одделение со Дијана. Кој може да ни гарантира дека нема да се обидат повторно нешто слично да направат. Овој случај мислиме дека заслужува поголемо внимание не само поради нашето дете, туку поради заштита и на другите деца - заклучиле родителите.

Директорот на основното училиште во Завлак, Зоран Алексиќ изјавил дека поради случајот поведена е дисциплинска постапка против пет ученици, на четири од нив оцената за иднесување е намалена на еден, а на еден на три.

- Мојот предлог на Советот на наставници беше децата да бидат преместени во друго училиште, но предлогот не беше изгласан. Училиштето во соработка со полицијата и Центарот за социјални работи, вложи големи напори овој случај детално да се испита. Се е расветлено, следеа и санкции и мислам дека вакви слични случаи нема да се повторат. По сослушувањето на ученици сфатив дека тие не биле свесни за она што може да се случи на нивата другарка, што нормално не ги оправдува, додал Алексиќ.